top of page
Domotika Smart Home

Општи правила и услови

Домотика Логистик ДООЕЛ
Јане Сандански 1-1/17, 6330, Струга

Република Северна Македонија

ЕМБС 7554346

ЕДБ 4026021536877

contact@domotika.mk

+38971239514

Општи правила и услови

Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, ДОМОТИКА ќе се залага за достапност на својата интернет страна www.domotika.mk 24 часа во денот, 7 дена во неделата.

Во случај на привремена недостапност односно прекин на интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на Домотика, не превземаме никаква одговорност и не гарантираме постојан пристап.

Сите податоци и информации објавени на интернет страната на ДОМОТИКА се од информативен карактер и за истите ДОМОТИКА го задржува правото за промена и менување во зависност од условите и потребите.

Како резултат на специфичноста на медиумот “интернет“, доколку поинаку не е предвидено согласно позитивните прописи во Р. Северна Македонија, ДОМОТИКА не превзема одговорност за точноста и веродостојноста на објавените информации и документи.

Називот “ДОМОТИКА“ е трговски знак на ДОМОТИКА ЛОГИСТИК ДООЕЛ Струга и се забранува секаков вид на негова употреба без претходна писмена согласност од ДОМОТИКА.

ДОМОТИКА ЛОГИСТИК ДООЕЛ Струга ги задржува сите права кои произлегуваат од трговскиот знак “ДОМОТИКА“ или Domotika.mk

Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од интернет страната на ДОМОТИКА е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди интернет страната на ДОМОТИКА.

КОЛАЧИЊА | COOKIES

ДОМОТИКА Ве информира дека овој сајт користи текстуални датотеки наречени "cookies" или "колачиња". Без нив сајтот нема да функционира правилно и многу од опциите нема да можете да ги видите. „Колачињата“ се мали текстуални датотеки кои се запишуваат во вашиот компјутер или мобилен уред при посета на некоја веб страна. Колачињата чуваат информации за вашите поставки во веб прелистувачот, како на пример: јазик, големина на фонт како и самиот факт дека веќе сте посетиле одредени страници. На тој начин при повторна посета на истата страница не мора повторно да ги поставувате. Некои од колачињата се неопходни за функционирање на страниците, а некои служат и за собирање статистички податоци.

Со помош на ваквите фајлови се следи движењето на посетителите на страната по неа, и на тој начин се собираат податоци како да се оптимизира и унапреди функционалноста на страната. Овие фајлови не се поврзуваат со ваши лични податоци.

Сите информации кои се запишуваат во колачињата, ДОМОТИКА ќе ги користи исклучиво за потребите на web услугата или за статистички потреби и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. Доколку вашите лични податоци треба да бидат запишани во колачињата, тоа ќе биде со ваша претходна согласност. Повеќе информации за тоа што се "cookies" и какви типови има можете да најдете овде

Политика на замена/враќање на производ

  • Потрошувачот има право за замена односно враќање на производ.

Ова право  може да се оствари во рок од 15 дена сметано од денот на превземање на  производот.

Производот може да се врати или замени под услов:

  • Производот да не е употребуван и заедно со амбалажата да е во иста состојба како што е купен, т.е. да се сочувани изгледот и употребните својства.

  • Амбалажата не смее да биде оштетена на било кој начин и истата мора да ги има фабричките пломби и етикети.

При поднесување на барање за замена, односно враќање на производ, со производот задолжителжително треба да се приложат:

  • Фискалната сметка или фактурата/про-фактурата доставени на клиентот при купопродажбата

  • Целокупната пропратна документација (гаранциски лист, упатство, слип за плаќање со кредитна картичка и сл.)

По истекот на рокот од 15 дена од денот на на превземање на  производот купувачот го губи правото на замена, т.е. враќање на производ по овој основ.

ЗАШТИТА ЗА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Водич за заштита на личните податоци во ДОМОТИКА ЛОГИСТИК ДООЕЛ

 

Цел на Водичот

Правото на приватност и заштитата на личните податоци на корисниците претставува приоритет во работењето на ДОМОТИКА ЛОГИСТИК ДООЕЛ Струга (во понатамошен текст ДОМОТИКА). Ние како компанија посветуваме големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за приватност и заштита на личните податоци во Република Северна Македонија.

Овој Водич треба да биде практична алатка којашто дава појаснување за значењето на термините кои се користат во прописите за заштита на личните податоци, ги разработува начелата за заштита на личните податоци кои задолжително се земаат предвид при секоја обработка на личните податоци на корисниците и вработените на Домотика.  

 Значење и дефиниции на термините употребени во Водичот

 Термини кои произлегуваат од прописите за заштита на личните податоци

ЛИЧЕН ПОДАТОК е информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува. Лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет.

Лични податоци се: име и презиме, адреса, датум на раѓање, единствен матичен број на граѓанинот, број на лична карта, фотографија на документи за идентификација, телефонски број, е-маил адреса и др.

Под ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ се подразбира операција или збир на операции што се изведуваат врз личните податоци на автоматски или друг начин, како што е: собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање, бришење или уништување.

СУБЈЕКТ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ е физичко лице чии лични податоци се обработуваат

КОНТРОЛОР НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ е физичко или правно лице, орган на државната власт или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци.

ОБРАБОТУВАЧ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ е физичко или правно лице или овластен орган на државната власт кој ги обработува личните податоци во име и за сметка на контролорот. 

ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ е лице кое е овластено од контролорот да ја следи имплементацијата на прописите за заштита на личните податоци и да обезбедува усогласеност на работењето со начелата за заштита на личните податоци.

  1. Начела за заштита на личните податоци

При обработката на личните податоци се раководиме од следните начела за заштита на личните податоци:

  • Да се обработуваат правично и во согласност со закон

Вообичаено, правичната обработка на личните податоци, подразбира почитување на „начелото на неопходност“ – обработка на податоци во обем кој е неопходен за остварување на конкретна цел. Обработката на личните податоци во согласност со закон подразбира постоење на законска основа и почитување на евентуалните законски ограничувања што произлегуваат од други закони. Податоците кои се обработуваат врз основа на закон, може да се користат за:

  • склучување, надзор и престанок на договор

  • склучување на договор за вработување или практикантсво

  • склучување на договор за дело

  • достава на нарачани продукти

  • известувања за нови продукти

  • известувања за намалувања (попусти) на веќе постоечки продукти

  • известувања за неплатен долг

  • аплицирање за финансансирање

  • наплата на производи

  • известување за преостанат број на рати

 
Да се собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и да се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели.

Користењето на производи и услуги не се условува со согласност на корисникот за користење на неговите податоци за други цели, освен за исполнување на правата и обврските што произлегуваат од склучениот договор.

  • Да се релевантни, соодветни и не во поголем обем во однос на целта што треба да се оствари со нивната обработка (економија на податоци)

„Начелото за неопходност“ го ограничува обемот на податоци што може да се обработуваат, само на оние што се неопходни за исполнување на целите заради кои се обработуваат. На пример, без оглед на видот на воспоставениот деловен однос, обработката на податокот за националната припадност за корисникот, би била нерелевантна, несоодветна и преобемна.

  • Да се точни, целосни и каде што е потребно ажурирани, при што ќе се преземат сите соодветни мерки за бришење или коригирање на податоците, имајќи ги предвид целите заради кои биле собрани или обработени (квалитет на податоци)

Ова начело се однесува на квалитетот на податоците, според кое Домотика како контролор на личните податоци се грижат за нивната точност. Ажурирањето на податоците значи заменување на податоци, кои некогаш биле точни, со нови податоци или нивно дополнување. Истовремено, корисникот има право да бара да се преземат активности за бришење или корегирање на неговите податоци. 

  • Да се чуваат во форма што овозможува идентификација на корисникот, не подолго од времето што е потребно за исполнување на целта поради која податоците се собрани

Ова начело го ограничува периодот во кој личните податоци може да бидат законски обработувани, при што по престанување на целта заради која истите се собрани, треба да се избришат или уништат, односно да се анонимизираат. При престанок на договорниот однос, овие податоци мора да се чуваат во период од 1 (една) година од денот на издавање на последната фактура за обезбедените услуги.

Се смета дека е постапено согласно начелото за бришење на податоците и во случај доколку се изврши бришење на идентификациските карактеристики на корисниците (анонимизација) или замена на идентификациските карактеристики со други карактеристики (псеводонимизација). Анонимизација и псеводонимизација се вршат на таков начин што идентитетот на корисникот не може да се открие или може да се открие само со неразумно големи напори.

  1. Права на корисниците

Корисниците-субјекти на лични податоци имаат право:

  • да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци

  • да пристапат до нивните лични податоци и

  • да ги дополнат, изменат, избришат или да бараат запирање на користењето на нивните лични податоци

Во продолжение, следува подетално појаснување во однос на овие права:

  • Во функција на транспарентност, Домотика има обврска да го известат корисникот за целите и правната основа на обработката на неговите лични податоци.

  • Секој корисник има право да пристапи до своите лични податоци. Барањето за пристап до податоците мора да се достави во писмена форма или преку веб страната на Домотика овде при што одговорот на корисникот ќе се даде во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето.
    Доколку корисникот не добие одговор на барањето за пристап до лични податоци, може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци.

  • Корисникот има право да бара дополнување, изменување, бришење или запирање на користењето на неговите лични податоци. По барање на корисникот, Домотика е должен да ги дополни, измени, избрише или да го запре користењето на личните податоци, ако податоците се нецелосни, неточни или неажурирани и доколку нивната обработка не е во согласност со закон. Независно од тоа дали корисникот има поднесено барање за дополнување, изменување или бришење на личните податоци, доколку Домотика утврди дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, должен е истите да ги дополни, измени или избрише Домотика е должна најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето, писмено да го извести субјектот на лични податоци за направените дополнувања, измени или бришења.

 Обврски на Домотика Логистик ДООЕЛ

 Обврска на вработените/ангажираните лица за заштита на личните податоци

Вработените/ангажираните лица во Домотика при преземањето на нивните работни задачи и обврски:

  • Се запознаваат со прописите за заштита на личните податоци, како и со донесената документација за технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци.

  • Своерачно потпишуваат Изјава за тајност и заштита при обработката на личните податоци.

Со оваа Изјава се обврзуваат дека ќе ги почитуваат начелата за заштита на личните податоци, ќе вршат нивна обработка согласно упатствата добиени од Домотика, освен ако со закон поинаку не е уредено и ќе ги чуваат како доверливи личните податоци, како и мерките за нивна заштита. Ваквата изјава важи и по престанокот на нивниот работен однос/ангажман во Домотика.

  • Посетуваат задолжителна обука за заштита на личните податоци.

Домотика врши континуирано информирање на вработените/ангажираните лица за непосредните обврски и одговорности за заштита на личните податоци.

  • Информирање на корисникот за неговите права

Домотика има обврска да го информираат корисникот за:

  • идентитетот на контролорот;

  • целите за обработката;

  • правото на пристап, измена или бришење на личните податоци

  • идентитетот на офицерот за заштита на лични податоци на Домотика

 Согласност на корисникот за секоја дополнителна обработка на личните податоци

За секоја дополнителна обработка на податоци, надвор од целите на исполнување на воспоставениот претплатнички однос, Домотика обезбедува посебна согласност. Согласноста е слободно и изречно дадена изјава на волја на корисникот со која се согласува да се врши обработка на неговите лични податоци за определена цел.

Само врз основа на претходно дадена согласност, може да се врши обработка на личните податоци на корисникот за цели на директен маркетинг (opt-in принцип).

  • Што е директен маркетинг

Секој вид на комуникација остварена на било кој начин со цел испраќање на рекламен, маркетиншки или пропаганден материјал која е насочена директно до идентификуван корисник.

  • Надворешни лица

Правните и физички лица кои стапуваат во деловен однос со Домотика, врз основа на кој имаат пристап до документација и лични податоци на корисниците на Домотика се обврзуваат на доверливост и заштита на личните податоци со посебни договори за доверливост и за обработка на податоци.

 

 На кого треба да се обрати корисникот со цел да ги оствари своите права?

Корисникот може да се обрати на Офицерот за заштита на личните податоци во Домотика. Офицерот за заштита на лични податоци постапува согласно внатрешните прописи со цел правата на корисникот да бидат остварени на едноставен, брз и ефикасен начин без да се предизвика непотребно одложување или трошоци.

 Корисникот добива одговор на барањето во рок од 15 дена.

 Која е следната инстанца на која може да се обрати корисникот?

Доколку корисникот не е задоволен од одговорот и информациите дадени од Офицерот за заштита на личните податоци на Домотика и доколку смета дека неговите права се повредени, може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци.


Мирсад Кадрију
Офицер за заштита на лични податоци

Е-адреса:
mrsad.kadriju@gmail.com

bottom of page