top of page

Паметна безбедност дома: камери, брави и сензори — со што да почнете?

  • Domotika
  • May 10
  • 2 min read

Безбедноста на домот е една од главните причини зошто луѓето се одлучуваат за паметен дом. И разбирливо е — знаењето дека вашиот дом е заштитен, дури и кога не сте таму, е непроценливо. Но со толку многу производи на пазарот, одкаде да почнете?

Еве го нашиот практичен водич.


Прво прашање: Што сакате да постигнете?

Пред да купите било што, запрашајте се: кој е вашиот главен страв? Дали е тоа:

  • Провала — некој да влезе во домот без ваше знаење?

  • Надзор — да знаете кој доаѓа и заминува?

  • Далечинска контрола — да можете да заклучувате и отклучувате од далечина?

Одговорот на ова прашање ќе ви каже точно со кој производ да почнете.


Aqara Camera G100 Domotika Smart Home Macedonia

Паметни камери — очите на вашиот дом

Паметната камера е веројатно најлесниот прв чекор. Поставувате ја, поврзувате ја со апликацијата и во реално време можете да видите што се случува дома — од каде и да сте, дури и да добивате нотификации ако има било какво движење.

Модерната паметна камера нуди:

  • HD 2K или 4К снимање дење и ноќе

  • Детекција на движење со известувања на телефон

  • Двонасочна аудио комуникација — можете да зборувате преку камерата

  • Снимање во облак или на локална SD картичка

Од нашата понуда, камерите на Aqara се одличен избор — поддржуваат HomeKit Secure Video, што значи дека снимките се шифрирани и приватни.


Tedee PRO Smart Lock - Domotika Smart Home Macedonia

Паметни брави — заборавете ги клучевите

Паметната брава е производ кој еднаш кога ќе го испробате, нема назад. Без физички клуч, без грижа дали сте заклучиле — само вашиот телефон, отпечаток од прст, NFC картичка или PIN код.

Tedee и Aqara се нашите препорачани брендови за паметни брави. Се монтираат на постојната брава без менување на цилиндарот, компатибилни се со Apple HomeKit, Google Home и Alexa, и нудат:

  • Автоматско заклучување кога ќе излезете

  • Историја на отклучувања

  • Привремени пристапи за гости или сервисери, и уште многу други предности


Сензори — тивките чувари

Сензорите се мали, евтини и исклучително корисни. Два типа кои секој дом треба да ги има:

Сензор за врата/прозорец — ве известува на телефон во секунда кога некој ќе ја отвори вратата или прозорецот. Мал, се лепи без дупчење.

Сензор за движење — детектира движење во просторијата и може автоматски да вклучи светло, активира аларм или испрати известување.

Aqara нуди одлични сензори кои траат со години на батерија и работат беспрекорно.


Aqara Door And Window Contact Sensor - Domotika Smart Home Macedonia

Со што да почнете?

Ако буџетот е ограничен, нашата препорака е:

  1. Прво: Еден сензор за главна влезна врата

  2. Второ: Камера на влезот или дневната соба

  3. Трето: Паметна брава на главната врата

Овие три производи, поставени заедно, даваат солидна основа за безбедност на секој дом — без голема инвестиција.

Разгледајте ги нашите производи за безбедност на domotika.mk или контактирајте нè за персонализирана препорака.

-

Домотика е официјален овластен дистрибутер на Aqara, Shelly, Tedee, Meross, Sonos и Home Assistant во Македонија.

bottom of page